Наслов

Aктивност + Дијабетес + Секојдневие

Доколку вашето дете има дијабетес, а е физичко активно, тогаш ви нудиме неколку општи совети за промени во секојдневието.

Прилагодете го распоредот на тестирање. Вашиот доктор треба да ви посочи за одредени промени што треба да ги направите за да го одредите правиот тајминг за тестирање на шеќерот вo крвта кога вашето дете е физички активно.

Направете распоред кога да се прима инсулинот. Вашиот доктор може да препорача прилагодување на дозата на инсулин во случај на некоја физичка активност или спорт. Доколку вашето дете инјектира инсулин, тогаш се препорачува тоа да не се прави на места кои ќе бидат активни за време на вежбањето (на пример, инјектирање на инсулин во нога пред играње фудбал) поради тоа што може да дојде до брзо разградување на инсулинот и настанување на хипогликемија.

Доколку вашето дете носи инсулинска пумпа потрудете се таа да не пречи во вежбањето за да не дојде до оштетување или да биде откачена. Консултирајте се со доктор доколку вашето дете сака да ја извади пумпата за време на физичката активност.

Правилна исхрана. Генерално експертите препорачуваат дополнитени ужинки пред, за време и после вежбањето. Важно е да му објасните на вашето дете дека мора да се придржува до препораките и во спротивно кои би биле последиците. Покрај симптомите што се јавуваат при ниско ниво на шеќер во крвта, хипогликемијата може да ги намали и спортските перформанси и способноста на детето да партиципира во било кој спорт.

Понесете ужинка и вода. Без разлика дали вашето дете вози точак, игра кошарка, плива или учествува во некоја друга физичка активност секогаш со себе треба да се понесе некоја ужинка (брз шеќер) што ќе му помогне доколку дојде до пад на шеќерот во крвта и вода која ќе му овозможи да остане хидриран.

Прва помош. Доколку вашето дете оди на некој натпревар или е дел од некоја физичка активност надвор од домот или местото каде што живеете, секогаш со него треба да носи апаратче за мерење на шеќер, ленти, медикаменти, контакт телефон за итни случаи и копија од планот за земање на инсулинот. Сето ова треба да се спакува во специјална торбичка што ќе биде спремна во секој момент.

Известете ги тренерите. Информирајте го тренерот за состојбата на вашето дете и за одредени мерки на претпазливост кои треба да ги имаат во предвид при изведување на активностите. Можете да им дадете инструкции напишани на лист за да можат правилно да реагираат доколку се најдат во таква ситуација.

30 Октомври 2013

За авторот