Наслов

5 Стратегии за поттикнување добро однесување кај вашето дете

Родителството не е воопшто едноставно, односно е една од најкомплексните работи на светот. И нема најдобар начин како да го воспиташ своето дете, туку има мнооогу добри. Во овој текст пишуваме нешто околу доброто однесување. Повелете неколку стратегии, поточно пет.

1. Наградете го вашето дете со позитивно внимание за секое добро однесување. На тој начин ќе го поттикнете така да продолжи понатаму, а да ги лимитира моментите кога неговото однесување не е за позитивна оцена. Направете листа на добро однесување кое ги демонстрира вашето дете.

2. Рангирајте ги од најчесто до најретко демонстрирани/практикувани позитивни начини на однесување. На оние кои се најретки ќе треба да се посвети најмногу внимание.

3. Однос 5:1. За секое едно негативно однесување/испад најдете пет позитивни кои ќе го придобијат вашето позитивно внимание.

4. Вербалните пофалби се добар начин на препознавање и наградување, но за пиколините многу помоќна алатка е допирот: гушка, галење пропратено со некој позитивен коментар и слично.

5. "Фатете ги на добро дело" и дајте им до знаење дека сте ги "фатиле". Не само што ќе се подобри нивното однесување туку и вашата врска со нив. Родителството е како да се грижите за овошна градина. Некои овошки бараат повеќе наводнување и ѓубриво од другите. Оние пак што бараат помалку не треба да се заборават туку постојано да се одржуваат.

19 Јануари 2014

За авторот