Инфо

Специјална Олимпијада Македонија постои од 2004 година и обезбедува спортски активности на приближно 150 атлети, лица со инелектуална попреченост.
Целта на нејзиното постоење е инклузија на лицата со посебни потреби низ спортските активности дизајнирани според нивните можности, преку кои ќе се запознаат со спортовите, правилата на игра и ќе се охрабрат да тренираат, а на тој начин ја јакнеме нивната самодоверба, сигурност, храброст и можност за развој.