Инфо

Пливачкиот и ватерполо клуб "ОРИОН" - Скопје е формиран 2006 година и како членка на Пливачката федерација на Македонија активно работи со повеќе од 150 членови. ПВК “ОРИОН“ има квалификуван персонал - тренери и спортисти, професионалци од областа на пливањето и ватерполото и професионални соработници со огромно искуство на национално и меѓународно ниво.

Настојуваме да ги создадеме најдобрите услови за ефикасна и успешна програма за совладување на основните вештини во пливањето, развој на здрави навики и спортски дух кај најмладите.

Во изминатите години успеавме да создадеме државни прваци во повеќе дисциплини и категории кои редовно учествуваат на домашни и меѓународни натпревари.

Воспоставивме програма за обука и активна рекреација на возрасни и посебна програма за работа со лица со посебни потреби.

Нашите цели се:

- Омасување на водените спортови, посебно на пливањето и ватерполото.
- Воведување на децата во основите на пливањето преку забава, игра и пријателство.
- Подигање на свеста за здрав живот, спорт и активна рекреација.
- Создавање и инвестирање во младите спортисти, кои во иднина ќе бидат дел од Македонската пливачка и ватерполо репрезентација .

ПВК “ОРИОН“ реализира:

- пливачка школа (обука на непливачи) - деца од 4 годишна возраст и постари,
- редовен професионален тренинг за натпреварувачи во сите категории - од помлади пионери до сениори,
- пливање за возрасни - активна рекреација со тренерски надзор,
- ватерполо школа - пливачи, деца од 6 годишна возраст и постари,
- редовен тренинг на ватерполо тим - деца родени 96 година и помлади,
- трaдиционален ОРИОН меѓународен ватерполо турнир,
- редовни совети за воедње на здрав живот и здрава исхрана,
- летни и зимски клубски подготовки,
- додатна организирана рекреација - пешачење и возење велосипед, посета на други спортови - клубска размена.

Стручен тим: Теодора Раптис, Зорица Велковска, Јулија Владимирова, Јане Карајованов и Филип Велковски.

Пливачки и ватерполо клуб „ОРИОН“- Скопје (Олимписки базен ЦЕНТАР)
бул. Кочо Рацин б.б.
контакт: 071 358 254 Јане; 071 318 548 Зорица
pvkorion@yahoo.com
Swimming & Waterpolo Club "Orion"- Skopje https://www.facebook.com/pages/Swimming-Waterpolo-Club-Orion-Skopje/326062517515734