Инфо

Натусана Македонија на македонскиот пазар работи веќе 10 години, како партнер на Dr. Theiss Naturwaren, како еден од најпознатите светски производители на ОТЦ лекови и фармацевтски козметички препарати за нега на лице и тело, сите со врвен квалитет и направени од внимателно одбрани природни состојки.

Натусана работи по највисоки стандарди, дистрибуирајќи ги на македонскиот пазар производите на Dr. Theiss, кои покрај ОТЦ лековите и препаратите на матичниот бренд Dr. Theiss Naturwaren, ги опфаќаат и производите за нега на кожата на Medipharma cosmetics на база на маслиново масло, брендот Allgäuer Latschenkiefer со палета на производи од природно масло од алгојскиот бор наменети за мускулни болки и вкочанетост, како и далеку познатите пасти за заби Lacalut за орална и дентална хигиена.

Нашата филозофија е да ги приближиме до македонските потрошувачи висококвалитетните производи кои содржат природни состојки – во хармонија со природните процеси кои ја регулираат работата на човечкото тело.

Здравјето е највредниот подарок, а градењето здрави навики – наша примарна цел!

web: http://natusana.mk/
mail: info@natusana.com.mk
tel: 02 2 600 443