Инфо

Мото клубот Александар е основан во 2009 година од вљубеници на мотоциклизмот со долгогодишно искуство. Во моментов МК Александар има триесеттина членови од кои: 8 натпреварувачи, 8 спортски функционери со МФМ лиценца од ранг А, а 5 имаат меѓународни лиценци за оф роуд натпревари издадени од светската мотоциклистичка федерација ФИМ и европската мото унија ФИМ - Европа.
Од 2009 година до сега, МК Александар се вклучи и во повеќе активности за популаризација на оф роудот на национален и меѓународен план:
• Балкан оф роуд маратон (7 денови, 2.500 километри низ Албанија, Грција, Бугарија и Македонија),
• БМУ Европски шампионат во ендуро (2 денови, 300 километри)
• Х-рели Македонија (3 денови, 800 километри)
• Оф роуд шоу Скопје (1 ден, 100 километри)
• Ендуро Шар планина (2 денови, 300 километри)
• Ендуро Куп на нации - Пелистер (2 денови, 300 километри)
• Ендуро Лазарополе (2 денови, 200 километри)
Покрај тоа, посебно внимание членовите на МК Александар посветуваат и на следните активности:
• Заштита на животната средина
• Едукација на спортисти и официјални лица
• Промоција на жените во спортот
• Едукација на млади и талентирани спортисти и др.
• Безбедност во сообраќај и на спортските натпревари
Во 2011 година МК Александар беше номиниран од страна на Светската мотоциклистичка федерација (ФИМ), во потесен избор од 5 кандидати за престижната награда на светско ниво за активности во заштитата на животната средина во мотоциклизмот. Номинацијата беше за реализација на проектот „Зелено возење – Македонија“, во чии рамки во текот на 2010 и 2011 година беа реализирани повеќе активности за заштита на животната средина за време на мотоциклистичките натпревари и манифестации во Македонија. Кампањата беше одлично прифатена и доби поддршка од многу мото клубови и мотоциклисти, што беше мотив повеќе МК Александар да продолжи и во иднина со активности на ова поле.
Следи 0
Го следат 0

Следи

Корисникот не следи други корисници.

Слики

Корисникот нема објавено слики.

Настани

Корисникот не присустувал на ниту еден настан до сега.