Инфо

Собирач на шишарки и други тракатанци од македонските планини, љубител на топол туш па дури и во лето, зависник од лути пиперки и мирисот на стари книги, вљубена во природата сосе животните и растенијата, упорен ученик на сите техники на месење и печење, обожавател на сите типови семки и зачини, нова во јогиско конектирање на телото и умот, а од неодамна и тркачко џанки.

Во остатокот од времето буши заби или со задоволство соработува со karas4trainig.com, пишува статии за здрава исхрана и по некој рецепт.