Инфо

Опасна по живот конекција со фудбал (иако еднаш ми кажаа дека ич не ме бива за тоа и ме ставија да играм одбрана, а бев дете со прилично низок BMI) и на терен и на кауч. Вљубеник во Премиер и во клубот во кој работи брат ми (тоа е варијабилно).

Моментално вечно заљубен во планините поради влијанието од најблиските. Китка е првата помисла кога ќе се спомне планина.

Обожавам фина трпеза, а од пред некое време сум пескетаријанец (лакто-ово веге, ама јадам и риба), супер комбинација!

На лето снорклање, на зима скијање! Двете се на „С“ а јас сум на „И“, и ова нема врска со тоа.

Во валцер со порталов, прво нутриција, па после се остало што навистина ме интересира и ме прави среќен.

Дополнително

Hobbies

  • Трекинг, трчање по планина, скијање, снорклање и многу многу точак

Achievements

  • Krali Marko Trails 2014 - 64K 3000 D+ http://kmt.mk/results-kmt-2014-64-km/ 11:00h
  • Sokolov put 2015 - 22K 2200D+
  • 100 Milja Istre - 110K 4700 D+ http://karas4training.com/mk/training/sports/mojata-prva-ultra
  • Учество во обновеното поминување на Првата Македонска Трансверзала /Љуботен - Охрид/ 04.-12.07.2014
  • Krali Marko Trails 2015 - 65K 3100 D+ 6th overall - 09:00h
  • Orehovo Ultra 2015 - 80K 3500 D+ 7th overall - 11:40h