Комерцијален текст
Зошто CFM изолатот владее во светот на протеините?
Протеинот од сурутка е еден од двете поголеми групи на протеини најдени во млекото и е најквалитетен извор на протеин.
Како бипродукт од производството на сирење сурутката во својата оригинална форма е течност која содржи помалку од 1% протеин и повеке од 93% вода.
При понатамошна обработка протеинот се издвојува од водата со што се добива протеин во прашкаста форма кој со процес на ултрафилтрација се одвојува од лактозата и минералите. Со овој процес се добива концентрат протеин од сурутка кој содржи од 35% до 50% протеин, проценти што можат да се зголемат со помош на диафилтрација и до 80% протеин.
Со потребата за почист протеин 80%-от концентрат протеин со процес на микрофилтрација (CFM-cross flow microfiltration) доаѓа до одвојување на сурутката од мастите со што се добива изолат протеинот од сурутка.
Изолат протеинот од сурутка е најчистата форма на протеин со екстремна количина (<90%) протеин во доза и со голема редукција на масти, лактоза и шеќери. Изолат протеинот исто така се добива и при хемиски процес на јоноизменување во кој се користи pH прилагодување за да се постигне протеинска сепарација.
Зошто CFM изолатот од сурутка е супериорна форма на протеин?
Микрофилтрираниот протеин изолат за разлика од јоноизменувачкиот не е денатурализиран со што се задржуваат биопептидите кои се субфракции на протеинот важни за имунолошкиот систем и биоактивноста на протеините. CFM изолатот има највисоко ниво на неденатурализиран протеин од 99%.
Биолошката вредност е најголема кај изолат протеинот тестирана од BV методот, со кој се мери нивото на азот апсорбиран во организмот од протеинот. Азотниот баланс во организмот е она што ни овозможува градење на мускулната масa.
Видови на протеин Биолошка вредност
Изолат протеин од сурутка 159
Концентрат протеин од сурутка 104
Јајце 100
Млеко 91
Белка од јајце 88
Пилешко месо 79
Казеин 77
Соја 74
Amix™ IsoPrime CFM® е високо квалитетен микрофилтриран изолат кој содржи 90% протеин, но сепак ја задржува високата биолошка вредност со што брзо се апсорбира од организмот.
Содржи целосен спектрум на амино киселини вклучувајќи и најголема концентрација на BCAA, како и другите есенцијални амино киселини.
Предности:
-Протеинот помага во растот на мускулната маса;
-Протеинот помага во зачувување на мускулната маса;
-Содржи исклучително висок процент на протеин (90%);
-Содржи многу низок процент на лактоза;
-Одлична растворливост;
-Без аспартам;
-Засладен со сукралоза Splenda®.
Препорачана доза: Измешајте 1 лажица (35гр.) со 200-300 мл. вода или ниско маслено млеко. Користете блендер или измешајте го рачно, мешајте 30 секунди. Земете 1-3 сервирања дневно помеѓу оброци, во зависност од вашата дневна потреба за протеини.