Витамински историјат

Предностите и придобивките од јадењето на одредена храна за одржување на општото здравје била препознаена долго пред да бидат откриени витамините. Подолу следат хронолошки подредени временски периоди во кои се откривала витаминската енигма.

  • Египќаните знаеле дека со внесувањето на џигерот во исхраната можело да се помогне во лекување на ноќното слепило, болест денес позната дека е предизвикана од дефицитарна исхрана со витамин А.
  • За време на долгите океански патувања во Ренесансниот период, истите резултирале со продолжени периоди без внесување на свежо овошје и зеленчук кои доведувале до витамински дефицити карактеризирајки се најмногу со скорбут.
  • Во 1747 шкотскиот хирург James Lind открил дека цитрусните овошја помагаат во превенција на скорбутот, практично смртоносна болест каде поради неправилно формираниот колаген настануваат крварење од рани, гингивитис, сериозни болки и смрт.
  • Во 1884, во Јапонија, Takaki Kanehiro доктор на јапонската флота, забележал дека болеста бери-бери се јавувала само кај ниско рангираните морнари кои не јаделе ништо друго освен ориз (полиран), за разлика од високите офицери кои конзумирале Западно ориентирана диета.
  • Подоцна во 1897 Christiaan Eijkman открива дека исхраната со интегрален (неполиран) ориз ја превенира појавата на болеста бери-бери.
  • Во 1912 г. полскиот биохемичар Kazimierz Funk (Casimir Funk) предложил овие комплекси на микронутрициенси да се именуваат како витамини (Vitamine) односно “амини на животот” поради биохемиската структура на амини која тој ја изолирал од витаминот B1. Терминот останал во употреба и до денешен ден иако подоцна било утврдено дека биохемиски не сите витамини се амини.
  • Во 1920 г. Sir Jack Cecil Drummon предложува последното “е” да се изостави со цел да се намали важноста на референцата “amine” откако истражувачите почнале да се сомневаат дека не сите “витамини” (особено витаминот A) ја имаат “amine” компонентата.
  • Во 1935 г. во Цирих синтетизиран е првиот вештачки витамин C, а Linus Pauling во 70тите го популаризира внесувањето на овој витамин како превенција за настинки и рак.
  • За време на 90тите години настапува ерата на пронаоѓањето и изолирањето на одделните видови на витамини, заедно со осознавањето на нивните биохемиски функции, поставувањето на дневните потреби и комерцијалната продукција.