Против грипот и настинките со витамините Ц и Д

Грипот на годишно ниво може да опфати 5-10% од популацијата и да доведе до неколку недели боледување. Придружните компликации и дополнителните инфекции се исто така честа појава и затоа важно е да се намали ризикот за развој на болеста преку превенција.

Една од најзначајните превенции е вакцината. Исто така треба да ги обновите резервите на витамини, кои лесно може да се потрошат во периодот на зимата и започнувањето на сезоаната на грипот поради слабата изложеност на сонце и посиромашната исхрана. Иако не постои вакцина против настинка, некои витамини може да бидат многу ефективни во спречување на истата.

Улогата на витаминот Д е подеднакво важна во насока на зајакнување на имунолошкиот систем, како и во одржување на цврстината на коските. Истражувањата на оваа насока започнале кога се дошло до заклучок дека периодот кога се појавува грипот е истиот период кога е најниско нивото на витамин Д во организмот.

Прегледите покажале дека витаминот Д го зајакнува природниот или вроден имунитет, кој игра улога во детекција и деструкција на патогените. На пример, го стимулира движењето на белите крвни клетки и ниваната способност за уништување на патогените, а витаминот Д влијае на белите крвни клетки во стимулирање на продукцијата на моќни антимикробни супстанции кои ги уништуваат микроорганизмите како внатрешни антибиотици.

Според тврдењата на експертите, 90% од случаите на грип може да се превенираат преку достигнување и одржување на идеално ниво на витаминот Д. Како дел од резултатите од едно големоистражување кое ги опфатило жените во периодот по менопауза се дошло до заклучок дека групата која користела поголема доза на витаминот Д (800 наспроти 2000 ИЕ) покажала поретка појава на респираторни инфекции, за разлика од групите кои користеле 600, 800 ИЕ витамин Д (дози кои не биле доволни да се постигне идеално ниво на витаминот Д).

Веќе долго време знаеме дека витаминот Ц е незаменлив во функцијата на имунолошкиот систем но интересен е фактот дека фагоцитите имаат значајни количини на витамин Ц во својот состав, се разбира само во случај доколку доволно се внесува во организмот. Витаминот Ц воедно ги стимулира белите крвни клетки да се борат против микроорганизмите, особено во детектирањето и проголтувањето на микроорганизмите. Во случај на дефицит на витаминот Ц, тие не можат да го уништат патогениот микроорганизам преку проголтување и инфекциите полесно може да доведат до болести.

Преку анализа на повеќе истражувања се дошло до заклучок дека високи дози на витамин Ц земени во период на појавување на симптомите на настинка може да го намалат периодот на симптоми на настинка и да го скратат периодот на опоравување. Позначајно е тоа дека лицата кои земаат витамин Ц како превенција, поретко страдаат од настинки од оние кои не го користат редовно, а ова е особено важно за децата и оние кои се физички поактивни.