Продолжете да земате витамини и во лето

Дали некогаш сте размслувале како функционира Вашето тело? Процесот на растење на косата и ноктите, движењето на рацете под дејство на мускулатурата, читањето на книгите и нивното разбирање, сето тоа делува многу природно.

Преку диетата не само што ја надополнуваме енергијата, туку и градбениот материјал како протеини, масни киселини, минерали и витамини за екстремно комплицираниот метаболизам и процеси потребни за овие активности.

Во теорија една здрава возрасна личност која не е врвна атлета или физички работник може да ги обезбеди сите материи потребни за функцијата на телото преку разновидна и балансирана диета.

Дали сте сигурни дека вие се храните на тој начин?
Сите тестови кои ги анализираат навиките на исхрана докажуваат дека луѓето не јадат доволно овошје и зеленчук дури ни во лето, иако тие се идеален извор на витамини, минерали и растителни влакна, додека внесот на витаминот Д и цинкот е исклучително низок. Обезноста е се почеста, а бројот на ендемски болести кои се избегнуваат со правиот начин на живот (како остеопороза, кардиоваскуларни болести итн.) не се намалува.

Исто така одредени истражувања индицираат дека нутритивниот состав на нашата храна се намалил во последните декади како резултат на масовното производство кое ги троши ресурсите на почвата. Исто така хранливоста на зеленчукот и овошјето наменети за долготрајно складирање и со убав изглед не е зголемена, без разлика на тоа колку убаво изгледаат.

Како што кажува самиот назив, додатоците во исхраната може да ја надополнат диетата. Тие обезбедуваат витамини, минерали, масни киселини, пробиотици и растителни влакна, кои ги нема доволно во исхраната или се потребни во поголеми количини во одредени ситуации.

Потребите од микронутриентите кај луѓето се менуваат и се зголемуваат за време на бременост и доење, интензивна физичка активност, хронични состојби или болести, но краткотрајна болест или ментален или емоционален предизвик исто така може да ги намали резервите.

Недостатокот на многу витамини или минерали јасно може да го почувствуваме: кога имаме грчеви во нозете земаме магнезиум, кога не гледаме добро во темница земаме бета каротен, но недостатокот на одредени витамини може да има други последици кои не се чувствуваат во краток временски период. Од друга страна на пример, може да не ја почувствуваме зголемената потреба за витамин Ц доколку пушиме.

Многу од суплементите се препорачува да се земаат подолг период бидејки земањето на витамини во период од неколку дена нема да го корегира дефицитот или додатокот во исхраната употребуван во краток период нема да ја излечи болеста или состојбата. Помислете на омега 3 масните киселини кои се употребуваат во антиинфламаотрната терапија или воспоставувањето на нормаланата микрофлора. Исто така е важно во континуитет да се земаат градбените состојки на нашите коски, калциумот и магнезиумот, доколку знаеме дека нашиот начин на исхрана не ја задоволува во целост потребата за истите.