Пробиотици и мускули – имаат ли врска?

Добрите бактерии имаат многу полезности за организмот, почнувајќи од подобрување на имуниот систем, па се до потпомагање на работата дигестивниот тракт. Сепак нивната употреба во спортската нутриција има уште еден многу важен аспект…

Примарно пробиотиците се препорачуваат кај атлети и активни луѓе, бидејќи напорната физичка активност може да доведе до ослабнување на имуниот систем, што може да се превенира со помош на пробиотици. Исто така исхраната која изобилува со протеини како протеинските шејкови може да бидат тешко сварливи за дигестивниот тракт, па ова е уште една причина за збогатување на исхраната со добри бактерии.

Потенцијалот на пробиотиците и нивниот бенефит за спортистите добива и уште нова димензија. Имено одредени видови пробиотици, може да ја стимулираат апсорпцијата на протеините во интестиналниот систем и на тој начин да ја зголемат и протеинската синтеза.

На пример истражувањата покажале дека сојот Bacillus coagulans BC30 ја покачува апсорпцијата на леуцинот за 23%, изолеуцинот за 20%, триптофанот за 100% и цитрулинот за 128%. Тоа значи дека поефикасно е искористувањето на протеините и помало е исфрлањето на истите од организмот како непотребен продукт едноставно со комбинација на протеини и пробиотици.

Повеќе за пробиотиците прочитајте на следниот линк: ЈАДЕТЕ И ПРОБИОТИЦИ, А НЕ САМО АНТИБИОТИЦИ

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија