Не мора млеко за калциум

Менталната слика од јогурт и млеко што се јавува кога ќе се спомне калциумот, може да се надополни и од неколку зелени намирници кои дефинитивно заслужуваат признание за содржината на овој макроминерал.

Главна улога на калциумот е минерализација на цврстите ткива во организмот, коските и забите, а освен тоа учествува во бројни физиолошки процеси како мускулната контракција, пренос на нервни импулси, регулација на течностите во организмот. Несомнено калциумот треба секојдневно да се внесува во доволни количини (1000 мг за возрасни лица), а освен млечните производи кои изобилуваат со калциум, следува листа и на растителни извори на калциум и еден „натрапник“ меѓу нив.

Ќељ оваа зелено листеста зелка содржи огромни количини на калциум, но она што ја издвојува од другите растителни извори е извонредната апсорпција на иститот. Направените испитувања покажуваат дека апсорцијата на калциумот од ќељ ја надминува онаа од млекото.

Кинеска зелка и бок чој овие две зелки се премногу слични, па затоа ќе ги покриеме со еден удар. Далеку полесни се за припремање и јадење, а сепак по содржината на калциум, но и по апсопцијата не се разликуваат значајно од ќељот. Кинеската зелка лесно се наоѓа и на нашите зелени пазарчиња, а бок чој може да се најде во поснабдените маркети.

Сладок компир можеби не очекувавте, но слаткиот компир содржи одлична количина на калциум, а покрај овој макроминерал, ќе ве снабди со уште многу додатни полезни материи како калиум, витамин А и бета каротени. Исто така иако се нарекува „сладок“, погоден е за дијабетичари бидејќи го регулира нивото на шеќер во крвта.

 

Смокви иако им помина сезоната на свежите, сепак и сушените смокви ќе ви дадат одлична доза на калциум во комбинација со диетални влакна за откочување на било која кочница низ дигестивниот тракт.

Риба изобилува со калциум, а ова особено важи за конзервираната риба каде коските се меки и можете да ги јадете без опасност. На пример една конзерва со сардина може да ви обезбеди третина од дневните потреби за калциум.


Вкусен предлог снедвич за доза калциум: МЕДИТЕРАНСКО КОНТИНЕНТАЛЕН СЕНДВИЧ


Сусам ова семе во само една лажичка содржи околу 100 милиграми калциум. Можете да го конумирате како таан, но исто така е одличен додаток во салати или попрскано врз главното јадење.

Тофу овој соин производ изобилува со протеини, а во самиот процес на добивање на тофуто се користат токму калциумови соли кои му ја даваат финалната текстура. Некои типови на тофу се прават со други видови на соли, па пред да купите проверете ја етикетата за калциум сулфат.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија