Наслов

Местото на кофеинот во спортскиот живот

Пиете едно кратко пред да ги стегнете врвките? Го разглобуваме омилениот спортски стимуланс...

Кафеинот ја буди алертноста и го намалува чувството на малаксанот. Во природата е присутен во над 60 растителни видови, а најчесто се добива од зрната кафе и листовите чај кои се преработени до нам добро познатите облици: кафе, чај, газирани пијалоци и чоколада.

Кофеинот е познат по своето ергогено својство, што значи дека ја подобрува и оптимизира потрошувачката на енергија, сепак постојат ограничувања во неговата употреба. Според Меѓународниот Олимписки Комитет горна граница на дозволените количини на кофеин во урина е 12μg/ml што е еквивалент на 6 шолји јако кафе.

Како делува кофеинот? Постојат повеќе теории за тоа како делува кофеинот, а според онаа која е најшироко прифатена кофеинот ја зголемува оксидацијата на мастите и со тоа екстракцијата на енергија од овие депоа, а ги штеди гликогенските резерви. Така се објаснува одложувањето на заморот под дејство на кофеин. Од друга страна постојат теории според кои кофеинот делува директно на нервниот систем преку промена на перцепцијата на замор.

„Дваесет минути пред трка пијам едно кафе за да ме разбуди, ако ништо не се случи пијам уште едно. Додека чекорам кон атлетската патека го чувстувам масивниот кофеински „хај" како доаѓа" - Мо Фарах

Резултати? По анализа на повеќе различни студии, истражувачите од Универзитетот во Арканзас дошле до следниве податоци. Тркач кој 10 км завршува со време од 40 минути, блгодарение на кофеинска стимулација може да одземе уште 72 секунди од првобитното време, а за велосипедистите 90 секунди помалку во едночасовна трка. 

Количина? За некој кој тежи 70 килограми, 140-350 mg кофеин би биле доволни да се запази разлика. Ова соодветствува на 1-3 шолји кафе, но тука најголема улога игра толеранцијата на организмот.

Честа заблуда помеѓу спортистите е дека кафето доведува до дехидратација. Испитувањата покажуваат дека внесено во умерени количини кафето не покажува ваков ефект.

10 Септември 2014

За авторот