Масло од црн ким (nigella sativa)

Маслото од црн ким се користи од дамнешни времиња во медицински намени и како додаток во исхраната. Легендата за исцелителната моќ на маслото од црн ким е стара илјадници години. Денеска модерната наука се повеќе го користи ова масло и некои други кои имаат слични својства како алтернатива на синтетичките лекови кои често имаат страшни негативни ефекти.

Маслото од црн ким содржи над 100 терапевтски активни компоненти. Билката Nigella sativa од која се добива маслото, е високо ценета медицинска билка со потврдени својства во бројни клинички испитувања.

Позитивниот ефект кај астмата, алергиите и бронхитисот се основа на бронходилататорното, антихистаминското и антивоспалителното дејство на маслото. Зголемената гликемија кај дијабетичарите ја регулира со стимулација на панкреасот и лачењето на инсулин. Научно е потврдено синергичното дејство со антидијабетиците и во случај на синдром на инсулинска резистенција.
Корисните својства на маслото од црн ким се потврдени и кај хипертензија – вазодилататорен ефект, хиперхолестеролемија – го намалува вкупниот холестерол и го менува односот на LDL и HDL холестеролот во корист на HDL, ја стимулира коскената срж и производството на црвени и бели крвни зрнца.

Научно е докажано дека тимокинонот од црниот ким го запира растот на туморните клетки кај некои видови на рак, особено кај агресивните видови кои се шират со помош на туморска ангиогенеза и имаат тенденција на метастазирање.

Nigella sativa е одобрена од страна на Администрацијата за храна и лекови во Америка и Велика Британија како помошно средство во спречување на растот на туморните клетки, превенција на несаканите ефекти од хемотерапијата, зајакнување на имунолошкиот систем, лечење на псоријаза, астма и вирусни инфекции.

Содржи тимокинон

Во 2003 година, доктори во Саудиска Арабија се обиделе да ги дефинираат фармаколошките и токсиколошките својства на маслото од црн ким. Тие успеале да докажат дека маслото од црн ким го намалува високиот крвен притисок, ја подобрува циркулацијата и го намалува нивото на холестерол и шеќер во крвта. Тие утврдиле дека една од активните состојки во маслото од црн ким е тимокинон и дека семето и маслото имаат антивоспалително, антиалергиско, аналгетичко и антибактериско дејство. На Универзитетот Мисисипи во 2007 година, научниците го истражувале ефектот на тимокинонот (екстрахиран од семките од црн ким) врз клетките на канцер на црева. Тие покажале дека тимокинонот ги уништува клетките на рак така што влијае на функцијата на метаболизмот на клетките на ракот на ист начин како што тоа го прави хемотерапијата. Научниците дошле до заклучок дека природните состојки како што е маслото од црн ким нудат безбедна алтернатива во третманите против рак на цревата без несакани ефекти и оштетувања на здравите клетки (како со хемотерапијата). Истражувања во други земји покажуваат дека екстрактот од семки од црн ким може да биде безбедна и ефикасна алтернатива за инсулин во третманите кај дијабетичарите. Исцелителната моќ на црниот ким изгледа може да се употреби и на бубрезите. Се забележало дека маслото од црн ким ги одржува бубрезите активни и го спречува нивното стареење.

Нарушувања за кои научно е докажано дека маслото од црн ким помага се следните:
– акни
– болести на кожата (неуродерматитис, егземи)
– разни алергии
– астма
– бронхитис
– висок крвен притисок
– импотенција
– настинка и кашлица
– хемороиди
– жолтица
– главоболка
– отежната концентрација
– хронична поспаност
– дијабетес и воспаление на зглобовите
– го спречува размножувањето на клетките на ракот (со 50% успорување)
– го поттикнува растот на клетките на коскената срж за 250%

Германскиот имунолог Dr.Peter Schleicher и египетскиот доктор Mohamed Saleh заедно напишале книга за црниот ким во која објаснуваат дека црниот ким помага за повеќето болести на тој начин што директно делува на стабилизирање на имунолошкиот систем кој во човечкиот организам е задолжен за одбрана од болести. Црниот ким го стабилизира имунолошкиот систем во толкава мера што тој станува способен да се одбрани или излечи сам од многу болести. Маслото од црн ким делува и на други начини, а не само на имунолошкиот систем. Затоа е разбирливо што народното име за ова семе во арапските земји е “благословено семе”.

Начини на употреба на маслото од црн ким:

– акни – половина мала лажичка масло од црн ким ставете во сад со жешка вода и напарувајте се над водата со пешкир над глава. Зголемете го внесувањето на цинк.
– астма и кашлица – тријте го грбот и градите со масло од црн ким. Пијте една мала лажичка после оброк три пати на ден. Вдишувајте пареа од зовриена вода со 1 лажичка масло со пешкир врз глава.
– настинка или грип – 1 лажичка масло од црн ким три пати на ден. Пијте топол напиток од лимон и мед.
– летаргија – 1 лажичка масло од црн ким со сок од портокал во времетраење од 10 дена
– нервна напнатост – ½ лажичка масло од црн ким со чај од билки
– за здравје на кожата – масирајте ½ лажичка масло на вашето лице. Измијте со студена вода
– изморени нозе, мускули – масирајте на потребното место
– болки во грбот, артритис, модрици и ревматизам – загрејте масло од црн ким и интензивно масирајте. Пијте 1 лажичка масло од црн ким со 1 лажичка маслиново масло 3 пати на ден
– висок крвен притисок – пијте 1 лажичка масло во било каков топол напиток. Земете 2 чешниња лук пред појадок.
– стомачни тегоби – пијте чај од нане со лимон и земете 1 лажичка масло од црн ким 3 пати на ден додека не поминат тегобите
– дијареа – 1 лажичка масло од црн ким со чаша јогурт. Земајте 2 пати дневно. Јадете и варен ориз со јогурт
– опаѓање на коса – намокрете го скалпот на главата со лимон целосно, оставете 15 минути да делува потоа измијте и исушете ја косата. Нанесете ½ -1 лажичка масло од црн ким
– главоболка – масирајте го челото и страните на главата и во близина на ушите со масло од црн ким. Пијте ½ лажичка масло после оброк 3 пати на ден
– болка во ушите – измешајте ½ лажичка масло од црн ким со ½ лажичка маслиново масло, затоплете и потоа капнете во увото и покријте го увото со волнен шал или капа
– цревни паразити – земете 1 лажичка масло од црн ким со капсула од диво оригано
– грчеви кај бебиња – затоплете го маслото од црн ким во рацете и масирајте го целиот стомак во насока на стрелките на часовникот.
– синуси – вдишувајте преку нос (инхалирајте се), земајте 1 лажичка дневно во хронични случаи, 3 пати на ден во акутни случаи
– кожни габички – избришете ја погодената област со оцет, а потоа нанесете масло од црн ким, повторете ако е потребно.

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија