KRE-ALKALYN креатин кој ги исполнува исчекувањата

Креатинот е азотна органска киселина која може да се најде во месото и рибата, но се продуцира и во човековото тело од амино киселините глицин и аргинин. Тој е еден од најистражуваните и најупотребувани суплементи во историјата на спортската нутриција поради неоспорената ефикасност во она што го ветува и неговата безбедност при користењето.

Зошто креатинот е најупотребуван и неопходен суплемент?

Креатинот во човековото тело се конвертира во креатин фосфат или фосфокреатин во мускулите каде што е искористен како енергија. Тој е најефикасен при експлозивни тренинзи со висок интензитет како дигањето тегови и спринтови затоа што ги снабдува 11b мускулните влакна (брзо реагирачки оние со најголем потенцијал за раст) со брза енергија спречувајќи го предвремениот мускулен замор, ја зголемува мускулната контракција и со тоа овозможува повеќе повторувања во сетот.

Кога и да користи телото енергија, молекула наречена ATP (Аденозин Три Фосфат) е искористена како енергетски извор. При напорни активности еден од овие фосфати е искористен за мускулни контракции со што трифосфатот се претвора во ADP (Аденосин Дифосфат). За да се регенерира ATP-то креатинот асистира со високо енергетски фосфат. Впрочем продукцијата на енергија при експлозивни високо интензивни сесии не би била возможна без суплементација со креатин, со која е докажано дека овој процес може и понатаму да се продолжи.

Со зголеменото заситување на креатин во експлозивните брзо реагирачки мускулни влакна, значително се зголемува силата па со тоа и големината на мускулите.

Уште еден важен бенефит од суплементацијата со креатин е волуменизирачкиот ефект на мускулите. Креатинот има способност да ги подуе мускулните ќелии што резултира со помускулест изглед.

Повеќе од 200 студии и истражувања се извршени на креатинот. Најстарата и традицонална форма на креатин е монохидратот. Иако е неоспорен фактот дека овој суплемент делува потребни се големи дози поради не така високата pH вредност на обичниот креатин од кој поголемиот дел се конвертира во креатинин во стомакот. Има повеќе нови форми на креатин со кои се пробува да се намали потребната доза за да се добие посакуваниот ефект, но и да се зголеми pH вредноста.

Дали kre-alkalyn ги исполнува овие барања?

Креалкалинот е всушност “ублажена” форма на креатин монохидрат кој ги задржува ергогените ефекти и притоа претставува продукт со постабилна pH вредност помала конверзија во креатинин, значително помала доза од 1.5 грама и не преизвикува дуење во стомакот и проблеми при варењето.

При една студија во која се истражуваат креалкалинот и обичниот креатин се доаѓа до заклучок дека креалкалинот поседува “cytoprotective” (процес во кој хемиски соедининија овозможуваат заштита на ќелиите од штетни агенси) , многу повеќе од обичниот креатин како и многу помала конвезија во креатинин (Golini J 2015).

AmixTM Kre-Alkalyn® нова форма на креатин со pH повисоко од 12, кое е постигнато со користење на широко пространетиот патентиран произведувачки процес.

AmixTM Kre-Alkalyn®  е 100% стабилен креатин без потреба од полнење и без несакани дејства, кој ви овозможува брзи резултати. Повеќето од спортистите имаат потреба само од една до три капсули дневно да постигнат еднакви па и подобри резултати од други нестабилни креатини.

Во една доза од 2 капсули содржи: 1500мг.  Kre-Alkalyn

Препорачана доза:

Во тренинг денови: 1 капсула наутро 30 минути пред појадок и 1-2 капсули 30 минути пред тренинг. Испијте со 300мл. вода.

Во денови без тренинг: 1 капсула наутро 30 минути пред појадок и 1-2 капсули 30 минути пред вечера.

Автор

No Limit

Скопје

Македонија