Комерцијален текст

Кордицепс, клучот за побрзо, подобро и посилно?

Потекло од Кина, изгледа како ноже или гранче со темно кафеава боја во основата, црно при врвот.

 

Успева во планините на Тибет, на висина помеѓу 5000 и 7000 метри, може да се најде и на планинските пасишта на Хималаите и други високи масиви во Кина, Тибет, и Непал со име Кордицепс (необична печурка) била ставен во центарот на вниманието во текот на Националните игри во Пекинг, Кина во 1993 година, заради одличните постигнувања на три женски кинески спортисти.

Wang Junxia, Qu Yunxia и Џанг Linli скршија пет светски рекорди на 1.500, 3.000 и 10.000 метри трчање. Вниманието дојде во форма на чудење, како и сомневање.
Направени се и тестови за дрога и останати илегални супстанци, но не се пронајдени во нивниот организам.

Тренерот на овие жени Ма Junren откри дека единствената тајна супстанца која неговите спортисти ја консумираат е Кордицепс неговата изјава: “Кордицепс е она што јас го кажувам на моите спортисти да го пијат. Ова е природно и кинескиот народ го пие стотици години наназад.”

Неодамнешните научни истражувања утврдија дека со консумирање на
Кордицепс доаѓа до зголемување на нивото на ATP (аденозин трифосфат) во клетките, што подразбира значително зголемување на енергијата, за разлика од привидното зголемување на енергијата до кое доаѓа кога се консумираат стимуланси на централниот нервен систем, како кофеин, ефедрин или амфетамин. Земајќи лекови како што се амфетамин, пациентите имаат привиден вишок на енергија, бидејки овие стимуланси делуваат на централниот нервен систем, а не на метаболизмот во клетките, па како последица доаѓа до исцрпување на организмот, односно краен резултат е генерален недостаток на енергија откако ќе престане дејството.

Кордицепс реално ги зајакнува мускулите, а од друга страна го подига нивото
на ATP-то во клетките, со што организмот добива повеќе енергија и е во состојба да
поднесе поголем и подолготраен физички напор.

Кордицепс на спортистите им дава додатна енергија и вистински го намалува
заморот, без притоа да го исцрпи организмот. Научниците сметаат дека позитивно
влијание има и на дишните органи и срцето што и е причина за зголемување на
способноста и издржливоста на спортистите. Во кинеската традиционална медицина
Кордицепс се употребува за анемија и високо ниво на холестерол. Има антитоксично дејство, одстранувајќи ги од огранизмот токсичните материи, заедно со цревните отрови, разложувањето на лековите и радионуклеотидите. Кордицепс има долга и легендарна историја во Кина.

Еве уште неколку причини зошто треба да го консумираме Кордицепсот:

Делување на Кордицепс врз туморните клетки
Кордицепс има голем потенцијал во борбата против малигните заболувања. Се поголем е бројот на онколози ширум светот кои препорачуваат Кордицепс како додаток при хемотерапија, зрачење и останатите конвеционални и традиционални методи на лечење на рак.Кордицепс е ефикасен во подигањето и стабилизацијата на имунолошкиот систем. Редовното користење помага да се одржи сила и виталност, дури и ако пациентот е подложен на хемотерапија и зрачење.

Делување на Кордицепс врз имунолошкиот систем
Голем број на современи научни истражувања се занимаваат со испитување на
имуностимулаторните својства на Кордицепс. Докажано е дека при давање на
Кордицепс на пациенти чиј имунолошки систем е ослабен поради болест, како што се
рак, хепатитис или ХИВ инфекција (сида), бројот и активноста на црвените крвни зрнца расте. Служи како антибиотик. Делува против неколку патогени бактерии. Одличен природен лек е за артритис и реума.

Делување на Кордицепс на функцијата на срцето
Едно од најзапазените дејствија на Кордицепс во традиционалната и модерната
медицина е неговото влијание на стабилизирање на пулсот и срцевите аритмии. Оваа
печурка денес во Кина претставува една од првите одбрамбени линии во лечење на
сериозните заболувања од тој вид. Иако механизмот на делување на Кордицепс во
контролирање на аритмијата е само делумно познат, се смета дека барем еден дел се препишува на присуството на аденозин (Pelleg и останатите, 1990 год.) Кордицепс
содржи значителна количина на аденозин, деоксиаденозин и слични нуклеотиди.
Докажано е дека овие соединенија имаат позитивен ефект на корнорарната и
целебралната циркулација (Tod и останати, 1982 год); (Bern 1980год.). Како што е
познато, ниеден лек ни билка немаат еднакво дејство кај сите пациенти. Но, не е таков случајот кај Кордицепс. Многу ретки се случаите во кои аритмијата не се подобрила по додавањето на Кордицепс кон класичната терапија. Не се забележани негативни ефекти од Кордицепс кај пациенти со аритмија, а поради својата нетоксичност претставува извонреден додаток при лечење на оваа болест.

Делување на Кордицепс врз бубрезите и црниот дроб
Истражувањата спроведени врз пациенти со хронични заболувања и намалена
функција на бубрезите, покажаа дека едномесечно земање на Кордицепс е доволен
период да се забележи значителна редукција на оштетените бубрежни клетки (Jiang и
Gao, 1995 год.) Бројни студии покажале дека Кордицепс ја подобрува и функцијата на
црниот дроб. На ориентот оваа печурка редовно се користи како додаток при терапија
и лечење на хроничен хепатитис Б и Ц.

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија