Калциферол за појаки коски и мускули

Ако веќе некое време сте фрлени на потење со цел да ги дотерате своите тела за престојната бич сезона, сигурно внимавате и на исхраната, јадете повеќе протеини, пиете вода, броите калории… стоп, а витамин Д?

Овој витамин има есенцијална улога во функционирањто на мускулите. Делува како неуромускуларен регулатор т.е. има улога во линкувањето на нервниот и мускулниот систем.

При поголем пад на нивото на витамин Д (калциферол) во крвотокот, мускулите стануваат слаби и млитави, а ова сигурно не ви е полезно доколу редовно тренирате. Исто така е витален за имуниот систем, а добар имун систем е задолжителен кај секој што обавува физичка активност.

Од друга страна Д витаминот е клучен за здрави и цврсти коски. Тој делува како фактор што му овозможува на калциумот да дојде до коските и да го оствари своето дејство. Со други зборови џабе примате зголемени количини на калциум ако не внесувате доволно Д витамин.

Со изложување на сончева светлина, УВ зраците делуваат на неактивната форма на витаминот Д, така што преку еден сложен процес кој понатаму продолжува во црниот дроб, овој провитамин се активира и го остварува своето дејство. Сепак продукцијата на Д витамин од страна на телото не е доволна, па мора да се надополнува преку други извори.

За да сте сигурни дека нивото на витамин Д во вашиот организам е на оптимално ниво, внесувајте храна кој изобилува со овој витамин како на пример лосос, школки, кавијар, млеко и млечни производи, јајца, печурки и најважно од се, наредниот тренинг направете го на отворено, сепак сонцето е најприродниот извор на калциферол.