Иднината на слабеењето?

Иако никогаш не би се откажале од мислењето дека редовното и соодветно испланираното вежбање и правилната исхрана е најдобриот начин за симнување на тежината, но научните кругови полека но сигурно доаѓаат до правата „чудесна” пилула за слабеење и најверојатно треба да прифатиме дека тоа некогаш ќе се случи. 

Современи истражувања и експерименти правени засега единствено на заморчиња (и кои најверојатно се години далеку од тестирања на човек) покажаа дека научниците се сè поблиску до пронаоѓање на вистинската формула за слабеење од апче. 

Имено, супстанцата која врз кое во моментов е свртено целото внимание и која засега има дадено исклучително интересни резултати се вика фексарамин. Како дел од експериментите на заморчињата докажано е дека таа делува како „имагинарен оброк” т.е. го тера организмот да се стави во функција на „варење” на храна која што буквално не е таму. За возврат, организмот всушност троши енергија во прости зборови за џабе.

Фексараминот делува како стимулатор на одредени рецептори во ГИТ (гастроинтестиналниот тракт) кои доведуваат до ослободување на жолчни киселини и ензими од жолчното кесе, исклучително важни за варење на храната. Дополнително, ова покренува метаболни реакции во масното ткиво на организмот со тоа што се фаворизира трансформацијата на „бело” масно ткиво во „кафено”, односно во поздраво салце.

Иако и на самите научници уште не им е јасно за механизмите на кои оваа супстанца делува, експериментите правени на здебелени заморчиња покажуваат дека фексараминот делува врз намалување на тежината и создавање на повеќе „кафено” масно ткиво во нивните организми. 

Дополнителна позитивна работа за оваа супстанца е тоа што таа не прави рестрикција на калорискиот внес, туку напротив, човекот може да го регулира апетитот по нормален пат (бидејќи апетитот се смета за најтешкиот дел за надминување кога во прашање е слабеењето), а не како што одредени медикаменти прават по пат на супресија на апетитот.

Роналд Еванс, еден од главните во испитувањето на фексараминот е убеден дека ова е идната „магична” пилула за слабеење бидејќи досега покажува најприродни и до функционирањето на организмот најблиски карактеристики.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија