Глутамин-ултимативен додаток за оправок

Глутаминот е есенцијална аминокиселина што значи дека е застапена во нашето тело и таа може да се синтетизира без внес преку исхраната.

Преку 61% од сќелеталните мускули се создадени од глутамин. Но, овие залихи на глутамин при вежбањето, хроничниот стрес или настинката се трошат, со што се јавува потреба тие да се надополнат со суплементација.

Глутаминот е и главен транспортер на азот во мускулите. Секогаш кога вашето тело доживува стрес, траума или микро траума на мускулните влакна по вежбањто, на телото му е потребен азот со цел да се репарираат мускулните влакна, но и самите органи да функционираат нормално.

Нашето тело има свои резерви на глутамин но, при постојан стрес или при секојдневни исцрпни тренинзи овие резерви се трошат и затоа суплементацијата со глутамин е клучна, за да ги надополниме резервите и да овозможиме позитивен азотен баланс за опоравување и репарирање на оштетените мускулни влакна.

Од глутаминот бенефитираат и оние кои се во калориски дефицит и кои пробуваат да ги симнат телесните масти, поради антикатаболичките дејства и способноста да го крене нивото на хормонот за раст кој помага да се метаболизираат телесните масти и подтикнува раст на мускулна маса.

Amix™ L-Glutamin pwd. е суперфино микронизиран прашок со брза растворливост и абсорпција.

Автор

No Limit

Скопје

Македонија