8 знаци дека не примате доволно калиум

Мускулна релаксација, правилна функција на нервите, одржување на здрав циркулаторен систем… Само дел од физиолошките функции во кои учествува овој потценет елемент. Иако присутен во многу слатки нешта како диња, авокадо, легуминози, банана, домати, сепак веројатноста дека примате доволно калиум дневно е мала…

Работата е што колку повеќе натриум внесувате преку исхраната, толку повеќе телото го исфрла калиумот. Дури и ако ги примите препорачаните 4,700 милиграми дневно, ако тоа го направите со добра количина на сол, ќе ви биде џабе. Следуваат 8 знаци дека не добивате доволно калиум.

Чувствувате замор – на секоја клетка во телото и е потребен калиум за правилно да функцинира, што е оневозможено ако постојано ви недостига калиум. Ако после вежбање се чувствувате преморено, а убаво сте се наспале – возможно е да ви фали овој елемент.

Имате висок крвен притисок – големите количина на готварска сол се поврзуваат со висок крвен притисок и ниски количини на калиум во организмот. Освен тоа калиумот делува како релаксатор на крвните садови. 

Исхраната ви се заснова на кесички и кутии – односно јадете многу процесирана храна, а малку зeленчук и овошје. Процесираната храна не содржи доволно калиум, а од друга страна е преполна со сол.

Чувствувате слабост или грчеви во мускулите – калиумот игра важна улога во контракцијата на мазната мускулатура, а неговиот недостаток може да резултира со слабост на мускулатурата, болни грчеви и спазми.

Неправилни срцеви тонови – оваа состојба е заплашувачка и загрижувачка и иако постојат уште многу други причини за срцеви палпитации, недостатокот на калиум се јавува како една од нив.

Имате вртоглавица – сериозниот пад на нивото на калиум може да доведе до вртоглавица и чувство на губење свест.

Констипација – кога има ниски нивоа на калиум, успорени се сите системи вклучувајки го и дигестивниот, па доаѓа до подуеност и констипација.

Боцкање и пецкање – овие сензации потекнуваат од нервните заршетоци кои немаат доволно калиум.

Накратко, за да го зголемите внесот на калиум во организмот, намалете ја количината на готварска сол. И онака немате бенефит од нејзе туку само штета, а постојат толку многу други зачини кои на јадењето ќе му дадат посебна димензија. Слаткиот компир, дињата, бананата, доматите, легуминозите и зелените листести растенија изобилуваат со овој елемент, но со уште многу други витамини и минерали.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија