Оваа лушпа не смеете да ја фрлите…

…затоа што ризикувате да бидете во огромна загуба. Всушност лушпата од лимон претставува најевтината инвестиција во вашето здравје, која ќе ви се врати повеќекратно.

Кога ќе се спомне лимон, вашите мисли сигурно веќе цедат сок, а во функција се ставаат и плунковите жлезди. Но освен пулпата и сокот, исто и кората на лимонот крие непроценливо богатство.

Кората од лимон содржи 3 пати повеќе Ц витамин од лимоновиот сок. Освен тоа позастапени се и другите витамини и минерали како А вит., бета каротените, фолатите, калциум, магнезиум, калиум.

Освен тоа, лимонените кои се наоѓаат во кората во најголеми количини и му ја даваат киселоста на лимонот, во неколку наврати, во различни лаборатории се покажале како ефективни антиканцерогени материи. Се смета дека лимонените делуваат против карциномските клетки кај рак на дојката, колонот и кожата.

Поради калциумот и витаминот Ц, кората од лимон е одличен чувар на коските и помага во превенција на остеопороза, артити и други заболувања на скелетниот систем.

Преку полифенолните флавоноиди кои лимоновата кора ги содржи, спречува покачување на лошиот ЛДЛ холестерол, па така го одржува здрав и васкуларниот систем и го намалува ризикот од појава на хипертензија и атеросклетоза, заболувања кои денес имаат статус на епидемија.

Во кратки црти сето ова здравје го фрлате со секој исцеден сок од лимон. Нареден пат спечалете си додатна доза витамини и сочувајте ја кората или замрзнете цел убаво измиен лимон и по потреба рендајте.