Зимска чорба
Здрава и препорачана витаминизирана чорба. Оди во комбинација со чипс од моркови.
- 2 поголеми главици кромид
- 2 компири
- 1 главица целер
- 50г излупени бадеми (се лупат лесно со предходно попарување во врела вода)
- 1 морков
- маслиново масло
- листови од целер
- бибер
- морска сол
Подготовка
1. Компирот, целерот, морковот и бадемите се варат.
2. Кромидот лесно се пропржува.
3. Потоа сите состојки се блендираат во вода додека не се добие саканата густина.
4. Се ставаат на оган да зовријат, а потоа супата се трга од оган и се зачинува по вкус.
5. Кога ќе се подолади се додаваат маслиновото масло и ситно исецканите ливчиња целер.