Лажен чоколаден мус

Ама може и подобар од вистинскиот, ова е рецепт што веднаш ќе го засакате…

 
  • 2 средни авокада
  • 80 мл млеко*
  • 80 грами рогач
  • 1 лажица мед, малтекс или агаве**
  • мускатно оревче по желба
  • прстофат сол
 

Подготовка

1. Одвојте го меснатиот дел од лушпата на авокадото, ова е најтешкиот дел од овој рецепт 🙂

2. Сите состојки во блендер и блендирајте околу 3-4 минути додека да добиете хомогена смеса.

*Млекото кое ќе го користите може да биде од животинско потекло или веганско, по желба (соино, бадемово…).

**Бидејќи рогачот сам по себе е малку благ, можете за почеток да го изоставите засладувачот, па да го заблажите десертот според ваш вкус.