Вкусните палачинки на Шенѓул за K4T.МК

(СЛАТКА ВАРИЈАНТА)

 
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја брашно 
  • 1/2 кесиче прашок за пециво
  • 1 јајце
  • 1 ситно рендано јаболко
  • малку сол
  • цимет
 

Подготовка

1. Сите продукти се ставаат во блендер и се пасираат додека не се добие хомогена смеса.

2. Потребно е едно тефлонско тавче, а дозата за една палачинка е 1 кутлача

3. Палачинката се пече на тивко, од двете страни, без употреба на масло.

4. Топ брзи, вкусни и здрави палачинки!