Виолетова касерола
Феноменална вечера за споделување со пријателите, цимерите, домашните, љубените, а како главен актер, виолетовата брокула (или карфиол, не сме сигурни). Прсти да излижеш.
- 1 средна виолетова брокула
- 200 мл млеко
- 2 лажици брашно
- 2 лажици путер
- 150 грами биено сирење
- 4 лажици ситно рендан пармезан
- сол, бибер, сушено нане
Подготовка
1. Најпрво се подготвува бешамел сосот. На тивко се растопува путерот и се додава брашното, се запржува додека да зарумени и се налева млеко. Повремено се меша, додека сосот да се згусти.
2. Брокулата се разделува на поситни цветчиња и убаво се измива. Се реди во тавче за печење.
3. Одозгора се полева со згуснатиот бешамел, се редна биеното сирење и се додава пармезанот.
4. Зачинуваме по желба и се пече на 200 степени околу 20 минути, првите 15 тавчето е покриено со фолија, последните пет минути фолијата се отстранува за сирењата да добијат златна боја.