Велигденски јајца во доматен сос
Со овој рецепт, во еден здив, ќе ги суредите заостанатите велигденски јајца…
- тврдо варени јајца
- 200 мл доматно пире
- 2 кромитчиња
- 2 чешниња лук
- 50 грами сирење
- оригано, морско оревче
- 2 лажици сенф
1. Кромидот и лукот се сецкаат и пропржуваат на малку масло, се налева доматното пире.
2. Јајцата се сечат на половинки и им се вадат жолчките. Жолчките, сирењето и сенфот се мешаат за да се добие густа паста.
3. Со пастата се полнат половинките од белките и се наросуваат со морско оревче, бибер, оригано.
4. Се редат во тавче, каде претходно се става доматиниот сос и се пече во рерна 15 минути на 200 степени.