Христос Воскресе
Велигденска плетенка
Ви посакуваме среќни Велигденски празници!
- 1/2кг брашно (какво сакате, можете и во комбинација со интегрално)
- 1 коцка свеж квасец
300г млеко (какво сакате, може и со соино или бадемово) - 200г кафеав шеќер
- 2 жолчки
- 50г путер
- 1 лажичка морска/хималајска сол
- изрендана кора од 1 лимон
- 100г суво грозје
Подготовка
1. Со сите состојки се замесува тестото (млекото треба да биде стоплено) и се остава да кисне.
2. Се размесува 2 пати и се дели на 3 дела за да се сплете плетенката.
3. Се премачкува со белката од јајцата.
4. На крај се украсува со мак, сусам и по желба може да се паркира и едно црвено јајце.
5. Се пече на 180 степени околу 60 минути.