Убавини од лосос и брокула

Фантастична комбинација на мириси и вкусови. Оброк кој се готви за брзо време, а вкус кој останува долго по топењето во уста.

 
  • (за 2 лица)
  • 400 грами лосос
  • 1 мала брокула
  • 1 лимон
  • 1 среден кромид
  • прстофат морска сол
  • маслиново масло
  • 2 лажици соја сос
 

Подготовка

1. Во подмачкан огноотпорен сад се реди лососот, исечен на филети со малку простор помеѓу парчињата.

2. Брокулата разделете ја на поситни цветчиња и убаво измијте ја, а додека сеуште се влажни наредете ги околу филетите.

3. Прелијте со сок од половина лимон, а другата половина од лимонот исечете го на полумесечинки и додајте го во тавата.

4. Кромидот, исто така на полумесечинки, распоредете го во тавчето, посолете по желба (ние воопшто не посоливме, затоа што сосја сосот е доволно солен сам по себе).

5. Така подготвено печете во претходно загрена рерна на 180 степени, околу 20 минути. На 5 минути пред крајот додадете го соја сосот, по една лажица врз секој филет.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија