Тортиљи со вргањ
Вкусна ролна, протеини полна…
- 2 тортиљи
- 50 грама сув вргањ
- 100 грама урда
- 1/2 кромид
- 1 луто пиперче
- магдонос
- бибер
1. Во тава се запржува кромидот исецкан на месечинки. Вргањот претходно се хидрира околу 5 минути во ладна вода, па се додава во тавчето со кромидот.
2. Се зачинува по желба и се додава лутото пиперче иситнето.
3.Тортиљата се премачкува со урда, а одозгора се нанесува од топлата смеса. Се наросува мелен црн бибер и магдонос.