Топол сендвич со спанаќ

Омилената лименка на Попај е полна со фолати, витамини А, Ц и Е како и два битни каротеноиди, лутеин и зеаксантин. Дополнително овој оброк е засилен со протеините од јајцето. Овој сендвич одлично ќе се вклопи како крцкав појадок или топла вечера…

 
  • 1 лепче
  • 2 јајца
  • 50 грама спанаќ
  • 50 грама сирење
  • сол бибер
 

1. Спанаќот се бланшира 1 минута во врела вода и се цеди.

2. Лепињата се сечат попречно и секоја половинка се полни со спанаќ, па се крши по едно јајце, и на крај се дроби сирење.

3. Се пече на 200 степени во загреана рерна, додека белката да се зацврсти.