Топло-ладно од праски и сладолед

Вкусен десерт со дупло помалку калории од класичното топло-ладно…

 
  • 2 средни праски
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици путер
  • 4 топки сладолед од ванила
  • крупно сецкани бадеми
 

1. Праските се сечат на половинки и им се вадат семките, се редат во тавче на хартија за печење.

2. Ги попрскуваме праските со малку мед и парченца путер и се печат 10 минути на 180 степени.

3. Се оставаат кратко да се oладат и сè уште топли се служат со топка сладолед и бадеми.