Тиква со рузмарин

Тиквата е сезонски продукт што не смеете да го избегнете. Плени на вкус и мирис, но и со нутритивните својства. Затоа, ако ви здодеала варена или печена, пробајте ја оваа варијанта. Можеби малку покалорична, но оди во поладните денови со црвено вино за душа. 

 
 

Подготовка

1. Тиквата се чисти, се лупи и се сече на коцки.

2. На загреано масло се ставаат целите лукчиња, лесно се пропржуваат, а потоа им се додава сецканиот рузмарин.

3. Рузмаринот кратко се пропржува кога му се додава тиквата која што се пржи половина час на тивок оган со лесно мешање.

4. На крајот се додава сол и бибер според вашиот вкус.