Струмички корнети
Одлична свежа салатка во вкусен крцкав корнет…
- За 4 големи пиперки:
4 пиперки
200 грами сирење
200 грами павлака
1/2 краставица
босилек
магдонос
1. На пиперките (чушките) им се отсекуваат дршките и се отстрануваат семките. Сортата нека биде по ваш избор ама потеклото строго стумичко 🙂
2. Краставицата се сецка на ситни коцки и се меша со иситнетото сирење и павлаката. Салатата се зачинува со иситнети магдонос и босилек.
3. Пиперките се полнат со кремот и се оставаат во фрижидер неколку часа за кремот да се стегне.
А како се консумира? Исто како сладолед во корнет, а особено добро се комбинира со стумичка мастика.
На здравје!