За лесно надополнување на вашите гликогенски депоа

Спортско меснато ручече

Оваа комбинација е присутна во секое спортско мени, во сите кампуси и тренажни процеси како пред, така и по спортски натпревари кога е неопходно да се надополнат истрошените резерви со здрав и избалансиран оброк. Гратис: Само со малку фантазија имате и одлична супа од останатата вода!

 
  • (дозата е за една порција)
  • 2 средни моркови
  • 2 средни компири
  • 1 пашканат
  • 1/2 целер
  • магдонос
  • 1 парче пилешко месо (изборот е ваш)
  • 20-30г (2 коцки) говедско месо
  • крупна морска сол и бибер по желба
  • доматен сос
 

Подготовка

1. Сите состојки се варат, но прво се става месото, а потоа се додаваат останатите продукти.

2. Непосредно пред крај се додава сол и бибер, како и магдонос.

3. Парчињата месо и зеленчук се цедат и се редат во чинија.

4. Порцијата се прелива со проварениот доматен сос, обогатен со малку босилек. 

Време на приготвување на месото е околу 1 час на тивок оган.

Зеленчукот се додава по 30 минути.