Солена варијанта од палачинките на Шенѓул

Благите ги испробавме, беа многу вкусни, многу брзо и лесно се припремаа, а притоа беа поздрава замена за благ оброк (како чоколадо на пример). Сега направивме и солена варијанта, која се покажа достојна за повторна средба. 

 
  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша брашно
  • 1 јајце
  • 1/2 пециво
  • 1 рендан морков на ситно
  • 3-4 чешниња лук (во зависност од агендата може и без него)
 

Подготовка

1. Сите состојки се ставаат во блендер и се пасираат за да се добие хомогена смеса.

2. Потоа на тивок оган, во добро загреано тефлонско тавче се печат од двете страни.

3. Филот е по ваша желба, зависи од вашата моменталната фантазија и инспирација…