Комерцијален текст - НАРАЧАЈТЕ НУТРИБУЛЕТ ПРЕКУ К4Т!

Смути со зеленчук

Сакате да намалите некој килограм? Пробајте го ова смути кое содржи вкусни зеленчици со малку сок од зелен лимон. Ова смути, содржи и витамини Ц и К, бета-картоен, манган и многу антиоксиданси кои му помагаат на телото да се прочисти.

 
 

Подготовка

1 Наполнете ја чашата со омилените состојки, но внимавајте на линијата MAX. Затворете ја чашата со сечилото, поставете ја на базата и притиснете! Полесно не може да биде! 🙂

СÈ Е ЛЕСНО СО NUTRIBULLET,

НАРАЧАЈТЕ ГО ОНЛАЈН ПРЕКУ НАС!

Спанаќ
Можеби нема да ве направи толку силни како Попај, сепак, спанаќот ќе ви обезбеди голема количина на хранливи материи. Неговите лисја се богати со пептиди. кои се добри за намалување на крвниот притисок, фитонутриенти, кои помагаат во борбата против ракот, и молекули на витамин К кои помагаат во одржување на цврстината на коските.

Морков
Морковите се богати со разложливи влакна, кои можат да помогнат во намалување на холестеролот во крвта. Исто така, тие се богати со бета-каротен, кој штити од неколку видови на рак. И, како што велат мајките, морковите се одлични и за вашиот вид!

Целер
Целерот е богат со антиоксиданси и е познат по неговите дијуретички својства. Тој е одличен за детоксификација, особено за бубрезите бидејќи го намалува нивото на мочната киселина, со што го намалува ризикот од појава на камења во бубрезите. Иако не е зеленчук кој се смета за богат со натриум, сепак, целерот, содржи повеќе од другите зеленчуци.

Вода
Препорачуваме во секое смути да додадете течна состојка. Обично, водата е добар избор бидејќи има неутрален вкус и нема дополнителни калории. Таа е најдобар извор за хидрирање на планетава. Многумина од нас се дехидрирани а не се ни свесни за тоа.