Смути епизода со кајсии и бобинки

Во сезоната на многу овошки и зеленчук, особено во пикот на кајсии и дел од бобинестото овошје, смативме едно смути за здравјето да пука во позитива!

 
  • (доза за 2 големи или 3 мали чаши)
  • грст зрели кајсии
  • чинија крупна боровинка
  • чинија малини
  • неколку бадеми
  • неколку семки какао
  • 2-3 урми
  • 2 банани
  • 1 лажица чиа семе
  • свежа мента
  • малку корен од ѓумбир (може и мелен)
  • мала китка зеленолисест зеленчук (кељ, блитва, спанаќ или нешто слично на нив)
  • грст шумски јагоди (ни се најдоа од шар планина)
 

Подготовка

1. Сите продукти (освен малку мента, чиа и шумски јагоди за декорација) се ставаат во блендер и се пасираат додека не се добие хомогена смеса.

2. Добивате лесно, хранливо и вкусно смути за квалитетен почеток на денот.