Слатки кнедли
Прекрасен зимски десерт што може да послужи и како оброк. Ако ви доаѓа премногу презла и шеќер, секогаш можете да ги изроните од кнедлата за да и ја намалите калориската вредност.
- (состојки за тестото)
- 500г варен компир
- 150г интегрално брашно (оризово, јачменово, ржано)
- 1 мала лажичка путер
- малку природна сол
- 2 жолчки
- (полнење)
- 20 суви сливи
- 50г гоџи бобинки
- цимет
- (валкање на кнедлите)
- 100г темен шеќер
- 100г презла
- 80г путер
Подготовка
1. Варениот компир се гмечи како за пире и во него се додаваат сите состојки за да се замеси тесто.
2. Се развлекува во дебелина од околу 7милиметри и се сечат парчиња 7×7 сантиметри.
3. На нив се редат сливите и гоџи бобинки и се попрскуваат со малку цимет.
4. Се формираат во рака фини топчиња и се редат на наросено брашно за да не се залепат.
5. Се спуштаат нежно во зовриена вода и се варат околу 5 минути, кога кнедлите сами ќе испливаат на површина.
6. Така топли се вадат и веднаш се перпелкаат во предходно стопен путер на кој се додава и презла.
7. Кога ќе се оладат малку се валкаат во кафеав шеќер.