Шарен куглоф

Солена верзија на вкусниот куглоф..

 
  • 4 јајца
  • 9 лажици брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 прашок за пециво
  • 1/2 филџан масло
  • 1 филџан кисело млеко
  • 2 моркови
  • 100г сецкани маслинки
  • 100г сирење
  • 1 китка магдонос
 

Подготовка

1. Најпрво се подготвува морковот. Се сецка на коцки и се обарува во вода околу 10 минути малку да омекне. Се остава настрана да се излади.

2. Јајцата се матат во длабок сад заедно со киселото млеко, маслото, сирењето, морковите и маслинките, а потоа им се додаваат и сувите состојки.

3. Смесата убаво се соединува и се истура во претходно набрашнет куглоф.

4. Се пече на умерена температура околу еден час. За да бидете сигурни дека е доста, најсигурен ви е стариот добар начин со дрвена чепкалка.

Смесата е превкусна, а формата може да биде најразлична, ние направивме куглоф, вие пробајте мафини… Во секој случај нека ви е на здравје!