Сендвич со смокви и пршута
Сите сетила се будат, ама ќе ви текне зошто откако ќе си ја потпечете оваа комбинација. Не за џабе Клеопатра сакала смокви…
- 5-6 непрезреани смокви
- интегрален леб
- 50 грама пршута
- 5 листови кашкавал
- малку пармезан
- босилек
1. Лебот служи како основа, се ренда кашкавал, па пршута и на крај смоквите.
2. Декорирате со босилек и се пече на 200 степени околу 10 минути.
3. Потоа останува да отворите некое добро бело вино и да уживате. На здравје!