Салеп

Задолжителен дел од вашето зимско мени…

 
  • 2-3 лажички салеп
  • 200 мл млеко или вода
  • може и мешавина од двете пола-пола
  • шеќер или стевија по желба
  • цимет
 

Да не ја заборавиме оваа вкусна зимска пијачка за стоплување. Во многу земји на истокот, пред се во Турција салепот е традиционална пијачка а ритуалот на спремањето само ги надополнува задоволствата.

Загрејте ја течноста, додадете го салепот и засладувачот, мешајте непрекинато додека малку да згусне, претурете во убава шолја по ваша мерка и наросете цимет. 


САЛЕП КАКО ЕЛИКСИР НА ЉУБОВТА


Со своите хранителни и лековити својства препорачан е и како одличен спортски напиток најчесто после напорни телесни активности во зимски периоди кога ефикасно врши надополна на гликогенското депо.