Салата со ѓумбир и проја
Прекрасна салатка во комбинација со домашна проја за успешен и енергичен ден.
- 200г сирење
- 2-3 коренчиња ѓумбир
- 1 варено јајце
- 50г сецкани ореви
- 4-5 лажици павлака
- 1 морков рендан
- китка магдонос
- морска/хималајска сол и бибер по вкус
- (за пројата)
- 2 шолји пченкарно брашно
- 1/2 шолја интегрално брашно
- 1 кесичка пециво
- 2 грста семки од сончоглед (едни за во смесата, други за попрскување)
- 1 главица кромид
- 4 јајца
- 1 шолја млеко/јогурт
- 1/2 шолја масло (можете и помалку, по желба)
- 300г урда/сирење
Подготовка
1. Сирењето се дроби со вилушка, а потоа се додаваат останатите намирници.
2. Павлаката се додава павлаката според тоа каква густина сакате за салатата.
Додаток – Проја
1. Прво се матат јајцата, а потоа се додаваат останатите состојки (освен кромидот и дел од семките).
2. Се меша додека да се добие хомогена смеса.
3. Се попрскува со исецканиот на месечинки кромид и сончоглед.
4. Се пече во рерна околу 30 минути на 180 степени.