Салата од печурки

Оваа салата може да се подготви како додаток на главното јадење, но многу лесно може и да го засени, особено ако сте љубител на магдонос.

 
  • печурки (можете да користите свежа буковка, шампињони, па и конзервирани)
  • китка магдонос
  • 3-4 чешниња лук
  • сок од лимон
  • сол и бибер
  • масло
 

Подготовка

1. Најпрво погрижете се печурките да бидат убаво измиени. Потоа исечкајте ги на мали парчиња и ставете ги во вода што врие, да се обарат 2-3 минути.

2. Откако ќе се оладат печурките додадете го ситно исецканиот магдонос и лук. Зачинете и закиселете по желба.

3. Оваа салата е погодна бидејќи не бара да биде послужена веднаш, станува повкусна откако ќе отстои. Така, не мора да заглавувате во кујна до последен момент, туку можете да си ја приготвите на раат и без брзање, а подоцна да уживате во нејзе.