Розово во зеленото – ептен летно смути
Апсолутна летна смути комбинација за потполна ревитализација на вашето тело. Бананата ми текна на крај да ја ставам за да се зголеми густината и да се намали вкусот на спирулината.
- (доза за 2 големи чаши)
- 1 месечинка лубеница
- 1 лажица чиа семе
- 2-3 листови блитва
- 2 мали лажички спирулина
- 1 банана
- 1 лажица гоџи бобинки
Подготовка
1. Сите продукти се ставаат во блендер и се пасираат додека не се добие хомогена смеса.
2. Може да се остават неколку гоџи бобинки за топинг.
* пожелно е лубеницата да биде ладна или да се додаде малку лед за дополнително освежување