Рижото со морски плодови
Вкусно рижото кое ќе ви го приближи морето…
- 300 грама варен ориз
- 500 грама смрзнати морски плодови
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 домат
- магдонос, босилек
- сол и бибер
- цеден лимон
1. Кромидот се сецка на месечники и се пропржува на масло за готвење, па се додава лукчето сецкано ситно.
2. По неколку минути се додаваат морските плодови и се пржат заедно 5-7 минути со мешање, а на крај се додава однапред сварениот ориз и останатите зачни и билки.
3.Лесно се промешува 2-3 минути и се трга од оган. Пред јадење се попрсува со сок од лимон.