Наслов

Рибина чорба

Вкусна и лесна рибина чорба....

 
  • 500 грама филети панга
  • 1 кромид
  • 3 моркови
  • 1 компир
    2 лажички сушен зеленчук за супа
  • 200 мл доматно пире
  • сол, бибер
  • масло за готвење
 

1. Кромидот се ренда и се пропржува па се додаваат ренданиот компир и морковот на коцки.

2. Се додава рибата на крупни парчиња, зачините и се налева 1,5 литри вода.

3. Се вари на тивко и пред крај се додава доматниот сос.

4. За екстра вкус се додаваат и неколку ливчиња целер.

Одличен додаток е толчен лук со лимон.

25 Април 2017

За авторот