Расцветано лепче

Викенд вкусно и калориски појачано лепче за цела фамилија, доколку планирате понапорни физички активности како долга планинарска тура на пример… 

 
  • 1 векна леб (овален, компактен)… големина по желба и потреба
  • 50г сланина, тенко сечена (за шмек, можете и без оваа состојка)
  • 100г кашкавал/моцарела
  • свежи пиперчиња
  • шери патлиџани
  • лук
  • кромид
  • мајчина душица и афион
  • малку маслиново масло
 

Подготовка

1. Векната леб се сече со остар нож од горе кон долу, но не до крај.

2. Во пресечените делови се става сланината и кашкавалот заедно со пиперчињата, ситно сецканиот кромид и шерито.

3. Со четка се премачкува лебчето со тупано лукче. 

4. На крај се поросува до афион и мајчина душица.

5. Така спремно, лебчето се витка во фолија и се пече во загреана фурна 10 на 200 степени, а потоа се одвиткува и се пече уште 5 минути. 

6. Кога ќе се извади се додава одозгора малку маслиново масло.