Протеинско смути

Еве едно смути за сите оние кои што бркаат чист мускул! Готовата сурутка е побрза за конзумација, но оваа е правата… и не е толку комплицирана за правење како што се мисли. Така што треба да пробате, нели?

 
 

Подготовка

1. Сите продукти се ставаат во блендер и се пасираат. Толку!

* важно е да не ставате многу различни продукти со сурутката за да не ви делува лаксативно.

Додаток – сурутка

*Ако млекото несакајќи ви се расипе, не го фрлајте туку направете си урда и сурутка!

1. Инаку, пресното млеко се остава на собна температура, отприлика 1 ден, за намерно да се расипе. 

2. Потоа се вари до точка на вриење, но на потивок оган.

3. Ако клокоти чудно тоа значи дека сте на прав пат!

4. После некое време варење, млекото се двои на урда и сурутка. Тогаш го тргате на страна малку да се олади. Во цедалка ја цедите урдата од течниот остаток (сурутка).

5. И двата продукти се богати со калциум и протеини и слободно може да се конзумираат.

6. Ние сурутката ја искористивме за протеинско смути.